(ВИДЕО) Напад врз Ријад: Пресретната балистичка ракета лансирана од Хутите

Од:

Коалицијата на арапски земји, предводена од Саудиска Арабија, соопшти дека утрово над Ријад била пресретната балистичка ракета лансирана од јеменските бунтовници Хути.

 

Портпаролот на коалицијата објави на платформата Икс дека противвоздушната одбрана ја пресретнала и уништила балистичката ракета што Хутите ја лансирале кон Ријад.

Саудиската цивилна заштита претходно издаде итни предупредувања за Ријад, Наџран и Вади ел Давасир. Подоцна беше соопштено дека опасноста поминала во сите три области, пренесе „Ал Џезира“.

Коалицијата претходно соопшти и дека бил пресретнат и уништен дрон во источната провинција на Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: Хутите подготвуваат напад за преземање контрола врз целиот Јемен

ВИДЕО: Погоден деловен облакодер на „Арамко“ во Ријад

(ВИДЕО) Снимен моментот на масакрот во Краков: Напаѓачот имал дозвола за оружје; продолжил да пука и откако бил ранет

Предраг Петровиќ

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

Застрашувачки снимки од Краков: Луѓето бегаат за да спасат жива глава; Напаѓач во воена униформа пукаше врз минувачите

Предраг Петровиќ

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?