Владините сили во Јемен извршија речиси 700 напади врз Хутите

Од:

Воените сили лојални на меѓународно признатата влада на Јемен денеска соопштија дека во текот на изминатите неколку часа извршиле 697 напади врз милитантната група Хути, која е поддржана од Иран.

Воениот портпарол Маџед ал-Нузаили во објава на платформата „Икс“ (X) наведе дека овие операции вклучувале 17 воздушни напади, 32 напади со беспилотни летала, 28 ракетни напади и 620 артилериски напади, насочени кон позиции на Хутите, места каде што се собираат, возила и складишта за оружје, пренесува „Ал Џезира“.

Тој истакна дека во овие напади загинале или биле ранети 97 борци на Хутите, додека 76 возила и парчиња воена опрема биле уништени или оштетени.

Тој додаде дека владините сили и нивните сојузници продолжуваат да ги одбиваат нападите на Хутите во Таиз, а судири се забележани и на фронтовските линии во Мариб и Ал Џауф.

Портпаролот на Хутите, Јахја Сари, во објава на „Телеграм“ ја обвини Саудиска Арабија дека во текот на изминатите 24 часа со ракети и воздушни напади гаѓала цивилни области во Сана.

Сари изјави дека борбени авиони на Саудиска Арабија во текот на последните 24 часа извршиле 72 воздушни напади во провинциите Ал Џауф, Таиз, Саада, Ал Худајда, Иб и Лахиџ.

Би можело да ве интересира

Хутите го нападнаа Ријад: 11 повредени во напад врз кула во финансискиот кварт

„Телеграф“: Хутите подготвуваат напад за преземање контрола врз целиот Јемен

ВИДЕО: Погоден деловен облакодер на „Арамко“ во Ријад

(ВИДЕО) Драматична хуманитарна криза во Јемен: Недостиг од храна, вода и лекови, болниците без гориво

Египет одобри воена поддршка за Саудиска Арабија, Хутите велат дека тоа е објава на војна

(ВИДЕО) Напад врз Ријад: Пресретната балистичка ракета лансирана од Хутите

Предраг Петровиќ