ЕК: Израел има право да се брани, Иран не може да има нуклеарно оружје

Од:

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Израел има право да се брани и дека Иран не може да има нуклеарно оружје.

Фон дер Лајен, која е во Канада за самитот на Г7, изјави дека разговарала со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и дека со длабока загриженост ги следи случувањата на Блискиот Исток.

„Ја повторив нашата посветеност на мирот, стабилноста и дипломатските напори што водат кон деескалација. Во овој контекст, подвлеков дека Израел има право да се брани. Иран е главен извор на регионална нестабилност. Европа отсекогаш била јасна – Иран никогаш не може да се здобие со нуклеарно оружје. Постои итна потреба од договорено решение“, рече фон дер Лајен во објава на социјалната мрежа X.

Според неа, постојано се изразуваат силни загрижености во врска со нуклеарните и балистичките ракетни програми на Иран.

Како што изјави таа, ова се истите ракети што неселективно ги погодија градовите не само во Израел, туку и во Украина.

„Разговаравме и за Газа. Хуманитарната ситуација во Газа е неприфатлива. Го повторив нашиот итен повик да се обезбеди дека целата хуманитарна помош може веднаш да стигне до цивилите на кои им е потребна. Продолжувањето на прекинот на огнот и итно ослободување на заложниците се неопходни за конечно да се постигне траен крај на непријателствата“, заклучи Фон дер Лајен.

Би можело да ве интересира

Иран: Непријателските бази во регионот се легитимни цели во случај на агресија

Израелските одбранбени сили тврдат дека е уништен командниот центар на Хамас што се користеше за напади врз Израел

Аракчи: САД не побараа, а Иран не понуди суспензија на збогатувањето ураниум

ВИДЕО: Застој во преговорите, Трамп размислува за ограничен воен удар за да се присили Иран на договор

Катерина Ѓуровски

Туск ги повика Полјаците да го напуштат Иран: „Не сакам никого да плашам, но…“

А1он

Техеран со остра порака до Вашингтон: Стоп за заканите со сила

Горан Наумовски