Ја стигна казната – иранска пејачка денеска доби 74 удари со камшик поради пеење без хиџаб во декември 2024 година

Од:

Иранската пејачка Парасту Ахмади доби 74 удари со камшик откако беше прогласена за виновна за „навреда на јавниот морал“ поради настап без хиџаб – кој е задолжителен за жените во Иран.

Нејзиниот адвокат за реформистичкиот ирански весник „Емтемад“ изјави дека казната е извршена денеска и истата е поврзана со концерт што Ахмади го одржа во декември 2024 година, а кој беше пренесуван во живо на „Јутјуб“.

Адвокатот наведе дека пејачката и четворица членови на нејзиниот продукциски тим денес се пријавија кај надлежните покраински власти во градот Ком, постапувајќи според налогот издаден откако локалниот кривичен суд во септември ги потврди пресудите против нив.

Судот во Ком ги потврди пресудите за „навреда на јавниот морал“, повикувајќи се на „неморална“ содржина објавена онлајн за време на нејзиниот настап во декември 2024 година, која брзо се проширила на социјалните мрежи во Иран.

Покрај казната од 74 удари со камшик, на Ахмади и на осуммина членови од нејзиниот тим им беше изречена и двегодишна забрана за напуштање на земјата, како и двегодишна забрана за какви било „уметнички активности“.

Во јануари 2024 година, курдско-иранската активистка Роја Хешмати исто така доби 74 удари со камшик, откако беше осудена за „кршење на јавниот морал“ поради фотографија објавена на социјалните мрежи, на која таа не носеше хиџаб.

Би можело да ве интересира

Багеи: Иран може брзо да ја врати безбедноста во Ормутскиот теснец

Резаи: Ерата на експанзионистичка Америка е завршена

Трамп: Сето ова е огромна измама

ВИДЕО: Иран обави дека погодил два американски радара во Бахреин

Техеран ѝ се заканува на Европа: Земјите што ќе обезбедат бази за напади врз Иран ќе бидат цели

Багаеи: Лажни се извештаите дека Иран развива биолошко оружје