Техеран ѝ се заканува на Европа: Земјите што ќе обезбедат бази за напади врз Иран ќе бидат цели

Од:

Портпаролот на Корпусот на чуварите на исламската револуција (ИРГЦ), Сардар Мохеби, денеска изјави дека Иран одлучно ќе одговори на секоја закана, предупредувајќи дека секоја земја чии воени бази ќе бидат искористени за напад врз Иран, ќе стане цел на иранските сили.

Зборувајќи за ракетните капацитети на Иран, Мохеби рече дека, доколку Врховниот водач издаде наредба, Техеран би можел да спроведе операции без географски ограничувања – вклучително и напади врз американските бази во Европа – пренесува агенцијата „Тасним“.

Тој напомена дека ограничувањето на дострелот на иранските ракети на 2.000 километри претходно било воведено по наредба на Врховниот водач, но истакна дека Иран веќе демонстрирал ракетни капацитети со дострел до 4.500 километри.

Мохеби ги отфрли тврдењата на Си-Ен-Ен (CNN) за можна употреба на „валкана бомба“, нарекувајќи ги пропаганда, и предупреди дека Иран ќе возврати доколку САД извршат напад врз иранските брани.

Тој додаде дека секоја држава од чии бази американските сили би можеле да започнат воени дејствија против Иран – без оглед на нејзината локација – ќе се смета за цел.

Би можело да ве интересира

Багаеи: Лажни се извештаите дека Иран развива биолошко оружје

Трамп се соочува со тешка одлука

Американската воена операција против Иран достигна цена од над 44 милијарди евра

Путин: Украина и Европа сè уште не се подготвени за компромис

Трамп: Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје

Европа стравува дека Трамп и Путин ќе договорат мир без Украина и ЕУ