Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, генерал-мајор Мохсен Резаи, денеска изјави дека ерата во која Соединетите Држави беа победничка нација е завршена.
– Иран од 2026 година не е Иран од 1943 година – ниту пак оној од конференциите во Техеран и Јалта во 1945 година – исто како што и Америка од 2026 година не е Америка од таа ера, таа стана поразена нација, а не победник во војна!, напиша Резаи на социјалните мрежи, како што пренесе иранскиот државен медиум IRIB.
Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран нагласи дека светот се променил.
„Сегашниот поредок не може да се врати во минатото преку стари фотографии!“ – истакна Резаи.
