Се запали моторот на авион со 120 патници – следеше принудно слетување

Од:

Авион на „Американ ерлајнс“ (American Airlines) со 120 патници мораше итно да се врати на аеродромот, кратко по полетувањето од Финикс, Аризона, откако еден од неговите мотори се запали.

Станува збор за авион од типот „Ербас А319“ (Airbus A319), кој вчера требаше да лета од Финикс кон Портланд, во сојузната држава Орегон.

Авионот полета во 16:14 часот по локално време, а набргу потоа еден од моторите се запали. Прв алармираше член на екипажот од друг авион, кој се подготвуваше за полетување веднаш зад нив, пишува „Ле Паризиен“ (Le Parisien).

Набргу потоа, се огласија и пилотите на авионот во кој избувна пожарот, испраќајќи повик за помош до контролата на летање и побараа принудно слетување.

По само 20 минути лет, авионот сврте назад и безбедно слета на аеродромот во Финикс.

Сите 120 патници потоа беа префрлени во друг авион, кој полета во 17:45 часот и пристигнал во Портланд во 19:54 часот по локално време.

Оштетениот „Ербас“ ќе остане приземјен сè додека не се извршат поправките и деталните проверки.

Причината за пожарот засега е непозната.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Постои огромна шанса за мир доколку САД навистина извршат притисок врз Путин

Американската воена операција против Иран достигна цена од над 44 милијарди евра

Руски државјанин e обвинет за шпионирање на вработени во американска воена компанија

Трамп: САД и Кина сакаат Ормутскиот теснец да остане отворен

Во септември, Русија поседуваше американски државни обврзници во вредност од 25 милиони долари

Горан Наумовски

Зеленски бара од САД пристап до „Старшилд“: Технологијата може да го промени текот на војната