Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Кина имаат заеднички интерес да обезбедат непречен проток на енергенси низ Ормутскиот теснец, како и да го спречат Иран во развојот на нуклеарно оружје.
„И двете страни се многу посветени на тоа“, рече Трамп.
Тој додаде дека планира да разговара и за други области на можна соработка со кинескиот претседател Си Џинпинг, вклучително и за справување со кризата со фентанил во Соединетите Држави.
– Многумина не беа сигурни дали од тоа ќе произлезе нешто, рече Трамп, додавајќи дека е цврсто убеден оти разговорите ќе дадат конкретни резултати.
