Војната против Иран ги чинеше вооружените сили на Соединетите Држави повеќе од 44 милијарди евра од почетокот на конфликтот кон крајот на февруари, изјави претставник на Пентагон пред Конгресот на САД.
„Оваа сума ги вклучува муницијата, трошоците за замена на воената опрема и техника, како и оперативните трошоци“, рече Артур Милер, заменик-контролор во Пентагон.
Тој зборуваше за време на сослушување во Конгресот, поврзано со неговата номинација за функцијата помошник-секретар на морнарицата за финансиско управување.
Според него, оваа проценка не ја вклучува штетата на американските воени бази на Блискиот Исток – од кои некои претрпеа сериозни оштетувања при иранските напади со беспилотни летала и ракети – ниту пак ги зема предвид загубите за глобалната економија.
Како што пренесува „Си-Би-Ес њуз“ (CBS News), ова е прво ажурирање од Пентагон во врска со овие трошоци уште од средината на октомври, кога цената на војната беше проценета на приближно 43,3 милијарди евра.
Најголемиот дел од тие трошоци во тоа време се однесуваше на надополнување на потрошената муниција, за што беа издвоени околу 26,7 милијарди евра. Загубата на воена опрема и техника – вклучувајќи авиони и беспилотни летала – беше проценета на приближно 5,5 милијарди евра.
