Иран може брзо да воспостави безбедност во Ормускиот теснец доколку Соединетите Држави ги исполнат условите поставени од Техеран, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.
Одговарајќи на прашање во врска со тврдењата дека пловниот пат би можел целосно да се отвори во рок од два часа, Багеи рече дека Техеран може да „дејствува многу брзо“, пренесува агенцијата „Тасним“.
– Иран останува посветен на почитување на своите обврски и ќе ги исполни што е можно поскоро, под услов другата страна да ги исполни соодветните услови, рече Багеи.
