Модерната поп-музика навистина е прегласна и сите песни звучат исто

Од:

Шпанските научници користеа напредни алгоритми за да можат да ја анализираат огромната архива на поп-музиката од перидоот од 1955 година до 2010 година. Нивниот заклучок е: Модерната поп-музика навистина е се погласна и сите песни звучат исто.

Екипата научници која ја предводеше експертот за вештачка интелгенција, Јоан Сера од Шпанскиот Национален совет за истражување (SCIC), ги споредувале акордите, мелодиите, видот на звукови што се користат, како и нивната гласност.

„Пронајдовме докази на прогресивна хомогенизација на музичкиот дискурс“, рече Сера.

„Специфично, добивме бројни индикатори дека разноликоста на преминот меѓу комбинацијата на ноти – грубо зборувајќи за акорди и мелодии – конзистентно се намалувала последните 50 години.

Проучувајќи ја разноликоста на палетата звукови, истражувачите открија дека модерната поп-музика има многу посиромашен избор на различни звукови отколку пред 50 години. Исто така, гласноста на музиката која е поставена при снимањето полека растела низ годините.

Сера тврди дека музичката индустрија веќе долго е изложена на обвинувања дека се повеќе се засилува во своевидна „војна на гласноста“, но ова е прв пат конкретни бројки да ги поддржуваат овие тврдења.

Значи, научниците конечно го потврдија тоа што средновечните луѓе го тврдат веќе со години.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски