Откако над стотина фанови го напуштија концертот на Мадона во Лондон, пејачката доживеа „дежа ву“ во Париз, на концерт во рамките на турнејата MDNА.
Концертот што се одржа во четвртокот навечер во Париз, бил додаден во турнејата минатата седмица, а салата Олимпија примила 2.700 луѓе.
Меѓутоа, Мадона излегла на бина околу 22:15 часот, а веќе во 23 часот, шоуто било готово, што предизвикало гнев кај публиката.
Иако музичката дива се тргнала од сцената, останале многу луѓе кои продолжиле да свиркаат, викаат „салопе“, што во париски жаргон значи „курва“.
Големиот број лути фанови го изразиле своето незадоволство на социјалните мрежи.
„280 евра за место, 10 минути говор, 40 минути настап, два дена кампување пред Олимпија, страшно“, гласеше еден од ницата негативни коментари./крај/блиц