Легендарниот пејач Брус Дикинсон, на уште полегендарните Ајрон Мејдн, во текот на концертот во Индијана, ги изгуби нервите и почна да навредува еден фан во публиката.
Славниот фронтмен забележал дека момчето во публиката постојано типка на мобилниот телефон, па му се развикал.
„Видете го овој ќелав тип во бела маица. Типкаш по мобилниот веќе трета е.ена песна, стварно си кретен“.