За сите оние кои веќе се заситиле од Мајли Сајрус, тука сега е Ријана која очигледно сака да го обезбеди своето место на тронот.
Имено, пејачката последните денови објавува се поголем број разголени фотографии од снимањето на новиот спот, па се чини дека Мајли ќе добие конкуренција затоа што сликите од снимањето делуваат како сцена од некое стриптиз шоу. И самата Ријана е „бедно“ облечена и опкружена со банкноти од еден долар.
Додека фановите на Ријана на Инстаграм уживаат во нејзините фотографии, австралиската публика не беше посебно воодушеена до нејзиното 80-минутно доцнење на концертот, па пристуните ја исвиркаа кога конечно се појави на сцената.
– Конечно, стигнав. Ми требаше цела вечност да се вратам во Австралија. Сега се потсетувам колку моите австралиски фанови се „луди“, се обиде да се извини пејачката.