Ријана го потврди „Севиџ екс Фенти в. 3“

Од:

Модната ревија на Ријана и нејзиниот бренд „Севиџ екс Фенти“ (Savage X Fenty), како посебна емисија ќе се емитува на 24 септември оваа 2021 година, на платформата „Амазон прајм видео“. Познатата пејачка и дизајнерка го потврди тоа на својот интернет-простор.

Ова е трета модна ревија на споменатиот бренд за облека, а најавено е дека ќе учествуваат бројни модели, глумци, пејачи и други познати личности. Подробности сѐ уште не се откриваат.

Првиот настан на Ријана – „Севиџ екс Фенти в. 1“ се случи 2019 година. Второто шоу беше претставено лани, а некои од гостите-изведувачи беа Тревис Скот, Розалија и Лизо…

Ријана е наведена како извршен продуцент и креативен директор и на третиот спектакл.

Марката содржи широк спектар големини на долна облека и секојдневна облека.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска