Ријана го чека своето прво дете

Од:

Ријана и нејзиното момче A$AP Роки го очекуваат првото дете. Тие објавија заеднички фотографии на кои пејачката го покажува трудничкиот стомак, шетајќи низ Њујорк.

На фотографиите, таа носи широка облека, но со разголен стомак, што наиде на изненадување кај минувачите низ њујоршките улици.

Досега веќе неколку пати се шпекулираше дека Ријана е бремена, а нејзиното момче A$AP Роки неодамна изјави дека Ријана е љубовта на неговиот живот.

„Да се ​​биде во врска е многу подобро кога знаете дека сте со онаа вистинската. Милион пати подобро. Кога знаеш дека таа е таа“, рече тој во мај.

Би можело да ве интересира

Трамп ја нападна бремената Ријана по настапот: „ Со поганиот речник го навреди нашиот народ“

ВИДЕО: Ријана направи спектакл на Супербоул и објави дека е бремена

ВИДЕО: Ријана прогласена за национална хероина на Барбадос

Ана Ололовска

Ријана го потврди „Севиџ екс Фенти в. 3“

Ана Ололовска

Ријана полуде по мистериозниот милијардер

Татјана Ташкова

Ријана одби да настапи на „Супер Боул“ и го поддржа Каперник

Наум Локоски