Али Ахмети сака да се трка со Таравари, поради него ќе се кандидира за претседател на Македонија

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе биде кандидат за претседател на Македонија, потврдуваат за А1он извори од партијата. Според нашите извори, информацијата дека ќе се најде на листата на кандидати за шеф на државата Ахмети ја кажал пред неколкумина од раководството на партијата.

Ахмети претходно размислувал дали воопшто да има кандидат од неговата партија или повторно да го поддржат кандидатот предложен од СДСМ, но откако претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари и официјално потврди дека ќе влезе во трка за претседател, одлучил самиот тој да биде кандидат од ДУИ.

Ова значи дека нема да има место за консензуален кандидат уште во првиот круг. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски најави дека кандидатот за претседател ќе излезе од редовите на неговата партија и дека профилот на кандидатот што ќе го предложат треба да дели европски вредности, да се залага за заокружување на процесот на европски интеграции на државата до 2030 година и човек кој нема да ги дели граѓаните по ниту еден основ не само етнички, туку и по која било припадност на кој било граѓанин во нашата држава.

„Не би сакал во моментов да истакнувам ниту еден кандидат со оглед на тоа дека тоа е не ниту статутарно, не е ниту етички од моја страна. Сметам дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е единствена партија која што може да даде таков кандидат и се потврдило во минатото дека кандидатите коишто биле предложени од СДСМ, а коишто станале претседатели на државата застапувале токму такви вредности“, рече Ковачевски во интервју за државната медиумска агенција.

Досега најавените кандидатури ќе значат разноличност, но и големо избирачко ливче, бидејќи во борбата за претседателското столче се сигурни повеќе од петмина кандидати.

Би можело да ве интересира

Влен: Петар Богојевски лавира во ставовите во зависност од личните очекувања, од реформатор на ВМРО-ДПМНЕ до македонски националист

ДУИ: Богојевски ги навредува Албанците и вредностите на ЕУ, да се повлече одлуката

„Вреди“: Лицемерно е кога ДУИ рони солзи за правда

Горан Наумовски

ВЛЕН: Албанците не треба да бидат уценувани и заложници за гласови

ДУИ: Дали „новиот општествен договор“ е продолжение на коалицијата на олигархијата Мицкоски–Заев?

ДУИ: Премиерот денес потврди: Државата е заробена