ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Од:

Европската комисија јасно стави до знаење: патокази за пристапување ќе бидат подготвени за Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина. Северна Македонија не е на листата. Некогаш бевме први во регионот. Денес сите одат напред, додека ние остануваме во место. Ова е директна последица на политиките на оваа Влада. За две години не понудија ниту едно решение, не отворија ниту едно поглавје и не направија ниту еден чекор напред. Само оправдувања, конфликти и обвинувања кон другите, велат од ДУИ.

– Сега доаѓа сметката. Другите ќе имаат план, рокови и подобар пристап до европските фондови и пазарот на ЕУ. Северна Македонија се оддалечува од групата земји што напредуваат кон членство. Владата мора да им одговори на граѓаните: зошто останавме надвор, кој е планот и колку ќе ја чини државата оваа блокада? Одговорноста е на Владата. Ја презедоа државата со отворен пристапен процес, а ја оставаат без пат, без рок и надвор од мапата на проширувањето. Европа оди напред. Албанија и Црна Гора одат напред. Само Северна Македонија е држена како заложник од оваа Влада, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите