Европа стравува дека Трамп и Путин ќе договорат мир без Украина и ЕУ

Од:

Европските претставници се сомневаат дека рускиот претседател Владимир Путин навистина сака да ја заврши војната во Украина; тие исто така стравуваат дека, доколку мировните преговори пропаднат, американскиот претседател Доналд Трамп би можел да постигне договор со Москва без учество на Европа или Украина, објави денеска „Политико“ (изданието од Брисел).

Овие сомнежи се засилија по минатонеделната средба во Абу Даби меѓу претставници од САД, Украина и Русија – средба која не донесе значителен напредок, освен ветување за размена на затвореници.

Датумот за следната рунда преговори сè уште не е одреден.

Европските претставници сметаат дека Москва не покажала подготвеност за отстапки и дека Путин проценува оти може да добие повеќе преку продолжување на војната отколку преку прифаќање на прекин на огнот.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Русија ги засилува нападите врз цивили и енергетска инфраструктура во обид да ја принуди Украина на капитулација.

Иако не учествуваа директно во разговорите во Абу Даби, европските земји бараат да бидат вклучени во следната рунда преговори.

Лидерите на ЕУ се договорија Европа да биде претставена од Обединетото Кралство, Германија, Франција, Италија и Полска, заедно со претставници од институциите на Европската унија. Посебна загриженост предизвикува можноста преговорите да опфатат промена на европската безбедносна архитектура, вклучително и руските барања во врска со проширувањето на НАТО.

Норвешкиот министер за надворешни работи, Еспен Барт Ајде, изјави дека распоредувањето на силите на НАТО на територијата на земјите-членки на Алијансата не е предмет за дискусија со Москва.

Според европските дипломати, Европа и Украина продолжуваат да учествуваат во преговорите – делумно за да му покажат на Вашингтон дека се отворени за договор, а делумно за да осигураат дека, доколку процесот пропадне, одговорноста за неговиот неуспех ќе ѝ се припише на Русија, а не ним.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Украина очекува Трамп и Си да го искористат своето влијание врз Путин за да ја завршат војната

Милиони документи на Дојче банк откриваат спорните врски на Епстajн, Трамп и руските олигарси

Горан Наумовски

Кремљ: Веќе се подготвува завршна изјава по средбата меѓу Трамп, Путин и Си

Си и Путин разговараа за утрешната средба со Трамп

Горан Наумовски

Тројцата лидери се сретнаа, утре на една маса: Трамп, Си и Путин на историска средба во Кина

Горан Наумовски

Симеон Сакскобурготски: Историјата на историчарите, Македонија во ЕУ

А1он