Ле Пен: „Украина нема што да бара во ЕУ“

Од:

Француската десничарска политичарка Марин Ле Пен изјави дека Украина не треба да стане членка на Европската унија, оценувајќи дека иднината на земјата, под никакви околности, не вклучува пристапување кон европскиот блок.

Таа исто така рече дека етикетирањето на рускиот претседател Владимир Путин како воен злосторник ги отежнува мировните преговори.

Во интервју за „Индија глобал ривју“ (India Global Review – IGR), Ле Пен јасно го изрази своето противење на европската интеграција на Украина.

„Не сметам дека Украина треба да ѝ се приклучи на Европската унија“, рече таа, нагласувајќи дека членството во ЕУ не би требало да биде дел од иднината на оваа земја.

Што се однесува до НАТО, Ле Пен изјави дека ова прашање би требало да биде предмет на тековните мировни преговори.

Зборувајќи за рускиот претседател Владимир Путин, таа ја отфрли оценката дека тој е воен злосторник, тврдејќи дека таквата реторика не придонесува кон изнаоѓање мирно решение.

„Ваквите паушални изјави се всушност смешни и се спротивни на желбата за мир“, рече Ле Пен.

Сепак, таа призна дека Русија ја започнала војната и дека Украина е нејзина жртва. Како можен чекор кон ставање крај на конфликтот, таа предложи Франција да организира голема меѓународна мировна конференција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: Крајот на војната зависи од Киев, Украина треба да ги прифати компромисите

(ВИДЕО) 12 лица загинаа во Киевската област, меѓу нив деветмина во уривање на станбена зграда

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ

Во руски напад врз Криви Рих загина медицинска сестра – 20 луѓе се ранети

А1он

1.144 деца загинаа или се повредени годинава во Украина

А1он

Париз би можел да ја промени политиката кон Москва и Киев по претседателските избори