(ВИДЕО) 12 лица загинаа во Киевската област, меѓу нив деветмина во уривање на станбена зграда

Од:

Најмалку 12 лица загинаа во руските напади врз Киевската област, од кои деветмина при делумно уривање на станбена зграда, според најновите податоци што локалните власти ги објавија утринава. Русија во последните шест месеци ги интензивираше нападите врз украинскиот главен град, а многумина стравуваат дека претстојната зима би можела да биде најтешка од почетокот на војната пред речиси пет години. Во текот на ноќта меѓу саботата и неделата, во напад врз местото Димер, кое се наоѓа на околу 45 километри северно од Киев, била погодена петкатница, при што загинале најмалку девет лица.

Снимките на новинската агенција АФП ги прикажуваат спасувачките екипи како пребаруваат купови сè уште зачадени урнатини по делумното уривање на зградата.

– Бројот на загинати во текот на ноќта постојано растеше, а до раните утрински часови достигнал девет, изјави гувернерот на Киевската област, Тимур Ткаченко.

Тој на платформата Телеграм наведе дека потрагата по евентуални дополнителни жртви сè уште трае.

– Спасувачките екипи успеаа живи да извлечат дете и 79-годишна жена од урнатините, додаде Ткаченко.

Во Вишневе загинаа уште две лица, а осум се повредени кога руски дрон погодил супермаркет, соопшти регионалниот гувернер.

Уште едно лице загинаа во Била Церква, откако изгоре семејна куќа, додаде тој.

Во ноќта меѓу петокот и саботата, Москва ја нападна Украина со дронови и ракети, при што загинале 11 лица, од кои седум во главниот град. Нападот следуваше откако рускиот претседател Владимир Путин вети „болна“ одмазда за неодамнешните украински напади врз Кримскиот мост.

„Светот мора да престане да врти глава. Осудете го овој тероризам, повикајте ја Русија на одговорност и дејствувајте веднаш за да го запрете масакрот на невини Украинци“, порача на платформата Икс украинскиот народен правобранител Дмитро Лубинец.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов напад на руски брод кај Либија

Руски хеликоптер навлегол во финскиот воздушен простор по инцидент со руски брод во Балтичкото Море

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ

Бизарни детали од животот на Епстин: Во Москва барал млади манекенки и очајнички се обидувал да стигне до Путин

Во руски напад врз Криви Рих загина медицинска сестра – 20 луѓе се ранети

А1он

1.144 деца загинаа или се повредени годинава во Украина

А1он