ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Од:

Правосудниот испит на албански јазик, на пат кон решение? Министерството за правда подготвува средба со студентите и деканите на правните факултети. Но, додека министерот Јетон Шашивари продолжува со консултации и најави, 52 кандидати ќе го полагаат октомврискиот испитен рок на македонски јазик, од кои 12 се Албанци, реагираат од ДУИ.

– Ова не е решение. Ова е одложување. Шасивари, некогаш како професор, го критикуваше тогашниот министер за правда поради оневозможувањето на полагањето на правосудниот испит на албански јазик. Денес, како министер, наместо да го реши ова прашање, бара уште време, средби и консултации.

Истата шема се повторува, како што видовме и слушнавме кај другите експоненти на ВЛЕН: ветувања кога се во опозиција, а одложувања и оправдувања кога се на власт.

На албанските студенти не им треба уште едно ветување. Им треба решение што ќе се спроведе.

Шасивари треба да одговори: ако правосудниот испит на албански јазик навистина е „на пат кон решение“, зошто 12 албански кандидати и во октомврискиот испитен рок треба да го полагаат на македонски јазик?

ДУИ бара ова прашање да се реши веднаш, а не да се користи како уште едно одложено ветување, се вели во соопштението од партијата. ‎

Би можело да ве интересира

Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик, вели премиерот

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: Судскиот процес во рамки на правосудниот испит ќе се симулира на македонски јазик

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски