За Таравари утрешниот настан е седница, а не средба со Централното претседателство

Од:

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари утрешниот повик за средба со членовите од Централното претседателство го гледа како заседание, а не средба пред веќе закажаната седница која ќе се одржи во сабота. Тој на прашањето на А1он дали и кога за утре закажал Централното претседателство на партијата, кратко изјави: „Во 19 часот во Куманово“.

Претходно, партиски извори за А1он истакнаа дека ако има обид средбата да се претстави како заседание, ќе биде нелегитимно одржана седница на Централното претседателство, за што подоцна од партијата испратија и покана и СМС пораки како докази.

„Централното собрание според статутот е во сабота во 13 часот. Поканата која ја добивме е доказ дека не е Собрание“, рекоа изворите на А1он.

Таравари по кусиот одговор за закажаниот настан за утре, не кажува дали и покрај овој став на дел од партијата, се уште ја гледа утрешната средба како седница на Централното собрание.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

A1on

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он

АфД e пред историска победа

Горан Наумовски

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски