Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва му честита на Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ за освоениот број гласови на изборите за градоначалник во Брвеница.

Како што рече, СДСМ е декласиран во овој прв круг.

– ВМРО-ДПМНЕ е убедливо прва и има огромна победа во првиот круг на изборите за градоначалник во општина Брвеница. Иако пред само неколку дена раководството на СДСМ најавуваше убедлива победа во Брвеница, сепак, СДСМ е декласиран од граѓаните и тоа е важна порака од граѓаните до нивното раководство, истакна Мицкоски на прес-конференција.

Според него, денешното гласање е потврда дека граѓаните ги препознаваат и поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Народот, рече, одбира прогрес, единство и исправна борба за иднината.

– Владата ќе продолжи да вложува во развојот на општините, со јасни приоритети и уште поголема одговорност, напомена Мицкоски.

Како што оцени, со оглед дека на изборите во Брвеница има повеќе кандидати, многу веројатно е дека ќе има втор изборен круг, каде што фаворит е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со освоени околу 3.000 гласа.

Би можело да ве интересира

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите