Централната изборна комисија во Софија на својата веб страница ги објави податоците од претседателските избори одржани вчера, според кои при обработени 98,99 проценти од протоколите води двоецот Илијана Јотова и Кирил Валчев.
Јотова и Валчев имаат освоено 524 913 гласови или 34,7% поддршка.
На второ место се двојката Андреј Ѓуров и Георги Кандев со 483 846 гласови или 32% поддршка.
На трето место се Костадин Костадинов и Петар Волгин со 190 220 гласови или 12,6% поддршка.
Полето „Не поддржувам никого“ го означиле 66.843 гласачи или 4,4% од оние што гласале.
Гласањето мина во мирна атмосфера со рекордно ниска излезност под 20 отсто. Најголема излезност е забалежана во Софија од 18,36 отсто, а најмала во Крџали 6,77 отсто. Според резултати, Бугарија ќе го избере седмиот претседател на вториот круг од претседателските избори што ќе се одржи в недела на 1 ноември.
