Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово

Од:

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, определи мерки притвор и мерки за претпазливост за вкупно четири лица опфатени со истрагата за злосторничко здружување, перење пари и изнуда од Куманово.

Како што соопшти Судот, по сослушувањето на осомничените во присуство на нивните бранители, судија на претходна постапка донел решенија со кои се прифаќаат предлозите на јавниот обвинител и на осомничените Д.П. и М.К. им е определена мерка притвор во траење до 30 дена, поради постоење на законските основи од член 165 став 1 точки 1, 2 и 3 од Законот за кривичната постапка, односно опасност од бегство, опасност од повторување или довршување на кривичното дело, како и опасност од попречување на истрагата со влијание врз сведоци.

За осомничениот Л.К. е определена мерка куќен притвор, додека за Д.Ж. се изречени мерки за претпазливост, односно одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа за преминување на државната граница.

Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека со предлогот на Јавното обвинителство е опфатено и уште едно лице кое во моментот е недостапно за органите на прогонот.

Против донесените решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

МВР претходно информира дека е поднесена кривична пријава за пет лица за кривични дела „изнуда“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, откако Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера спроведе координирана полициска акција во која е сузбиена петчлена организирана криминална група од Куманово.

Во акцијата, како што информира МВР, биле лишени од слобода четири лица: Д.П. (37), Л.К. (73), М.К. (27) и Д.Ж. (43), сите од Куманово, додека петтиот осомничен, З.Р. (35), е недостапен за органите на прогонот.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Уапсени се двајца мажи од Крушевац под сомнение за изнуда