16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Од:

16-месечно бебе од Куманово заврши во болница откако испи бензин, извести полицијата.

„СВР Куманово доби пријава од Општата болница Куманово дека кај нив е донесено двегодишно дете откако испилo бензин“, соопшти кумановската полиција.

Детето е во стабилна состојба откако е префрлено во Клиничкиот центар во Скопje.

Полицијата извести дека работи на расветлување на случајот.

Ова е трет ваков случај во Куманово само во последните дваесет дена. Во првиот случај, детето беше затруено откако испи разредувач за боја, додека во вториот, двегодишно дете заврши во болница откако испи лекови.

Минатото лето, во Куманово беа евидентирани неколку слични случаи на случајно труење на деца, а едно отруено бебе имаше само десет месеци. Од сите вакви случаи евидентирани во земјата во текот на изминатите две години, огромното мнозинство се случиле во Куманово.

Би можело да ве интересира

Горивата поевтинуваат од 5,5 до 7 денари за литар

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово

Александар Новак: Руското дизел гориво понекогаш влегува во Европа под различни марки

Нови цени на горивата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Потресна снимка: Новороденче пронајдено во канта за ѓубре на аеродром во Малезија

Криза со горивото на Крим: Бензин се точи само четири часа дневно

Горан Наумовски