Руското дизел гориво понекогаш навлегува на европскиот пазар под различни брендови, и покрај ограничувањата за купување нафтени деривати од Русија, изјави денеска рускиот вицепремиер Александар Новак.
Одговарајќи на прашање од новинарот на „Вести“, Павел Зарубин, во врска со можното европско купување руски гас преку трета земја, рускиот вицепремиер го наведе примерот со руското дизел гориво.
„Вакви случаи се можни бидејќи, иако Европа го забрани купувањето руска нафта и нафтени деривати, гледаме дека рускиот дизел понекогаш се појавува во Европа под различни брендови“, објасни Новак, пренесува ТАСС.
