Кривична за четворица турски државјани во земјава – со закана изнудувале пари

Од:

СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против К.К.(22), Р.А.(24), Ф.С.(25) и Р.Б.(23), сите од Република Турција, со привремен престој во Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ во обид.

Осомничениот Р.Б. сторил и кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Прво и второпријавениот К.А. и Р.А., кои се моментално на издржување казна затвор во КПУ Затвор Идризово, со посредство на третопријавениот Ф.С., во периодот од 09.11. до 17.11.2026, во неколку наврати, преку телефонски контакти и директни средби на Ф.С. со Џ.О. од Турција, се обиделе да му изнудат пари, наводно стекнати на нелегален начин во државата.

Имено, тие најпрвин му побарале 100.000 евра и му се заканувале со семејството, но откако ги одбил сумата ја намалиле на 40.000 евра.

Откако ги одбил и за оваа сума, го поттикнале четврто пријавениот Р.Б., кој на 17.11.2026 на паркинг простор на ул. „Страшо Пинџур“ во Штип со запалива течност предизвикал пожар на патничко возило „ренџ ровер“, сопственост на сопругата на Џ.О..

Би можело да ве интересира

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Татко на ученик осуден на шест месеци затвор: „Ќе ти ја отсечам главата“

Уапсени се двајца мажи од Крушевац под сомнение за изнуда

Рекетар му се закануваше на градоначалникот на Неготино и на неговото семејство, насилникот бараше 3.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години