Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

Од:

Вкупно 348 осомничени лица се уапсени во операции против криминални организации спроведени во 58 турски провинции, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на земјата.

Според соопштението објавено на каналите на Министерството на социјалните мрежи, операциите биле спроведени заеднички – под координација на Одделот за борба против организиран криминал при Генералниот директорат за безбедност и јавните обвинителства, а по налог на министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи – пренесе агенцијата Анадолија.

Истрагата открила дека осомничените на комуникациските платформи објавувале содржини поврзани со „регрутирање платени убијци“ и извршување убиства по нарачка, како и објави што – како што се наведува – „го величале криминалот и криминалците, упатувале закани и навреди и ширеле пропаганда за криминални организации“.

Би можело да ве интересира

Приведен e командантот на САЈ, Игор Жмириќ и неколку членови на ЈЗО

Горан Наумовски

Турција го забранува пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

(ВИДЕО) Трагедија во Кападокија: Се урна „Самовилскиот оџак“ – има жртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Нови детали од скандалот во Турција: Сопругата на Мустафа Сандал и нејзиниот татко сакаат да ги вратат спорните 54 милиони евра