Ердоган соопшти нови податоци по страшната експлозија во Турција – 16 лица ги загубија животите

Од:

Најмалку 16 лица загинаа во експлозија во фабрика за челик во западниот дел на Турција, потврди претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган, по седницата на Владата.

Експлозијата се случила во понеделникот наутро во фабриката за железо и челик „Хабаш“ (Habas), во округот Алиага, провинција Измир, соопштија од канцеларијата на гувернерот.

Според првичните сознанија, несреќата се случила кога попуштил мостовски кран, кој потоа паднал во електролачната печка за време на процесот на леење течен челик.

На снимките емитувани од локалните телевизии се гледаат големи облаци од прав како се креваат над фабричкиот комплекс по експлозијата.

Повредените се пренесени во неколку болници во регионот, а според податоците на надлежните служби, тројца од 14-те повредени се во тешка состојба.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по најмалку десет лица, за кои се верува дека се затрупани под урнатините по експлозијата.

Претседателот Ердоган изјави дека сите за кои ќе се утврди дека се одговорни за трагедијата, односно дека со свои пропусти придонеле за несреќата, ќе сносат одговорност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Има мртви и ранети во експлозија која се случи во челичарница во Измир

Горан Наумовски

Истрага за финансиски скандал во Турција: Уапсена e поранешна министерка

Масакр во Турција: Осуммина убиени на три локации, напаѓачот е во бегство

Горан Наумовски

Турција го забранува пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години

Ердоган разговараше со Зеленски: Турција е подготвена да стори сè што е во нејзина моќ за мир

А1он

(ВИДЕО) Трагедија во Кападокија: Се урна „Самовилскиот оџак“ – има жртви

Горан Наумовски