(ВИДЕО) Четворица војници загинаа при пад на воен хеликоптер во Турција

Од:

Четворица припадници на турските вооружени сили загинаа при падот на воен хеликоптер од типот „S-70“ во провинцијата Малатија, во источна Турција, потврди Министерството за одбрана на земјата.

Хеликоптерот се урнал во областа Саманкој, во округот Јешилјурт, по што на местото на несреќата биле испратени бројни полициски, противпожарни и спасувачки екипи.

Министерството за одбрана на Турција соопшти дека се пронајдени остатоците од хеликоптерот и дека веднаш биле започнати операции за пребарување и спасување.

„При падот на нашиот хеликоптер од типот ’S-70‘ во Малатија – чија причина сè уште не е утврдена – загинаа четворица наши воени другари“, се наведува во соопштението на Министерството.

Според досегашните информации, причината за падот на хеликоптерот сè уште не е позната. Надлежните служби продолжуваат со работа на местото на несреќата, а дополнителни детали за околностите на трагедијата засега не се објавени.

Би можело да ве интересира

Ердоган соопшти нови податоци по страшната експлозија во Турција – 16 лица ги загубија животите

А1он

(ВИДЕО) Има мртви и ранети во експлозија која се случи во челичарница во Измир

Горан Наумовски

Истрага за финансиски скандал во Турција: Уапсена e поранешна министерка

Масакр во Турција: Осуммина убиени на три локации, напаѓачот е во бегство

Горан Наумовски

Турција го забранува пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години

(ВИДЕО) Трагедија во Кападокија: Се урна „Самовилскиот оџак“ – има жртви

Горан Наумовски