Објавени номинациите за MTV Best Adria Act оваа година

Од:

MTV ги објави имињата на пет изведувачи од регионот кои ќе се натпреваруваат за наградата Best Adria Act на овогодишното доделување на европските MTV награди (EMA – Europe Music Awards), која оваа година се одржува на 11 ноември во Амстердам, Холандија.

Изведувачи номинирани за категоријата Best Adria Act се:

Frenkie

Филип Диздар

С.А.Р.С.

Сви на Под!

Гласањето за Best Adria Act почна вчера на адреса www.mtvema.com и ќе трае до 24 октомври до полноќ, кога ќе го добиеме победникот.

– Помина речиси една годна од кога излезе мојот последен албум Troyanac, така што оваа номинација ми доаѓа како шлаг на крајот. Многу сум среќен како помина албумот, одлични критики, одлична реакција на публиката па и оваа номинација зборува дека ова е мојот најдобар албум до сега. Имавме седум видео спотови од кои речиси сите беа на прво место на „Домачица“, многу свирки, фестивали и гостувања, а најзаслужни за сето тоа се нашите слушатели и пријатели кои не следат и поддржуваат цело ова време. Затоа сакам да им кажам едно големо благодарам и уште еднаш да ги повикам да ни дадат глас и поддршка на ова гласање, рече Frenkie.

– Номинација за MTV Adria Act ме развесели затоа што многу верувам во музиката која ја правам и драго ми е што ја имам поддршката од MTV и понатаму да се занимавам со она што го сакам. Ги повикувам сите луѓе кои ја следат мојата работа, а и другите кои можеби сега ќе почнат, да ми го дадат својот глас. Многу ви благодарам и голем поздрав од Загреб, рече Филип.

– Номинацијата е големо изненадување кое се случува токму пред моето патување преку океан. Номинацијата ја делам со Пиер кој ги копродуцираше сите синглови кои се вртеа на МТВ со Михо Книфок, кој е заслужен за два видеоспота. Гласовите ќе ги собираме од далеку, по пат на веб, затоа гласајте и ви благодарам на сите за поддршката на нашата музика!, истакна Катја.

– Драго ни е што по втор пат сме номинирани за МТВ наградата. Се надеваме дека ќе победиме. Оваа номинација е само потврда за она што гледаме на нашите концерти ширум регионот, а тоа е дека приказната S.A.R.S. расте од ден на ден. Ги повикувам сите фанови на S.A.R.S. да гласаат за нас и да ни овозможат да одиме во Амстердам, велат од групата S.A.R.S.

– МТВ номинацијата за најдобар регионален бенд многу ни значи. Во момент кога нашиот втор албум „Младост“ е во последна, завршна фаза, оваа номинација дојде како шлаг на торта, јагодтка. Регионот е нешто кон што се стремиме. Регионалната публика е таа на која се обраќаме. Од таму тргнуваме понатаму, во непознати предели. После ова ништо повеќе нема да биде исто, коментираат од бендот Svi na pod!

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски