Познатиот сплитски Џибони на 16. ноември ќе одржи концерт во Скопје, во Арената “Борис Трајковски”.
Концерот е дел од промотивната европска турнеја на неговиот нов албум “Маж на 20. век”.
Џбони е еден од најпопуларните и најтиражните хрватски кантавтори во последните петнаесет години. Долга е листата на негови песни кои се познати како евергрини на регионалната сцена.
Неговата музика е своевиден поп и рок кросовер, со карактеристични елементи на медитеранскиот музички колорит.