Откако во 2010 година во Дубаи беше изградена познатaта кула Бурџ Калифа од 828 метри, конкуренцијата во изградбата на облакодери стана исклучително тешка. Сепак, Саудиска Арабија би можела значително да ја промени целата приказна.
По долга пауза, во Саудиска Арабија продолжија работите на изградбата на облакодерот Jeddah Tower, кој по завршувањето ќе биде 172 метри повисок од својот конкурент.
„Зградата ќе има тенка и аеродинамична форма која ќе ги неутрализира ефектите од ветрот. Во нејзината внатрешност, која ќе има површина од приближно 1,5 квадратни километри, меѓу другото ќе има хотел, луксузни апартмани, канцеларии и највисоката опсерваторија на светот со поглед на Црвеното Море. Ќе се наоѓа на 157 кат“, се наведува во извештајот.
Се очекува кулата Џеда да биде централен дел од развојот на проектот „Економски град Џеда“, кој ќе има за цел да го ревитализира градот.
Вкупната вредност на проектот се проценува на 20 милијарди долари, од кои само 1,2 милијарди долари ќе бидат наменети за изградба на кулата.
Проектот за изградба на овој фасцинантен објект беше започнат во 2010 година, но нагло беше прекинат во 2017 година кога компанијата СБГ се повлече од проектот.
Затоа е распишан тендер за нов главен изведувач на облакодер од над 1.000 метри. Новата компанија дополнително ќе ја имплементира визијата на архитектонското студио „Адриан Смит + Гордон Гил“.