(ВИДЕО) Дубаи: 16 лица загинаа во пожар во станбена зграда

Од:

Шеснаесет лица загинаа, а девет се повредени во голем пожар што избувна на четврти кат од станбена зграда во Дубаи, соопштија локалните власти.

Портпаролот на цивилната одбрана на Дубаи изјави дека пожарот избувнал во саботата попладне, објави локалниот весник Khaleej Times.

Пожарникарите пристигнале на местото на настанот за неколку минути, а нивната брза акција спасила многу животи.

Прелиминарната истрага покажа дека пожарот настанал поради непочитување на безбедносните прописи.

Надлежните органи спроведуваат истрага за утврдување на точната причина за несреќата.

Пожарот избувнал во петкатница во еден од најстарите делови на Дубаи, каде се наоѓаат многу продавници.

Би можело да ве интересира

Мртов старец пронајден во изгорена куќа во Кичево

Почина жената која беше повредена во пожар во Чачак

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Во пожар загина 78-годишен маж

Горан Наумовски

Изгоре стан во Струмица

Се испитува колку се загадени воздухот и почвата – Изгореа 14 тони хемикалии во Фалише

Анита Петровска Рајковиќ