(ВИДЕО) Медведев се „расплака“ по победата во Дубаи

Од:

Рускиот тенисер Андреј Рубљов го пофали Данил Медведев по финалето на Дубаи.

Медведев оствари убедлива победа со 6: 2, 6: 2, но тос нр го спречи Рубљов да го пофали својот сограѓанин.

„Одлични натпревари, победи, но во финалето, Данил ме уништи. Не знам како успеа, зедов само четири гема. Освои три тирули по ред на одличен начин“, рече Рубљов.

“Мислам дека на Данил никогаш не сум му го кажал ова во живо. Ти си вистински шампион, инспирација, многу те почитувам. Се познавам од деца. Немаше финансиска помош, но тој никогаш не се пожали. Тој работеше напорно, напредуваше. Тој секогаш веруваше во себе и гледате што направи “, рече Рубљов.

Медведев слушаше и симулираше плачење, бришејќи ги „солзите“, заради големите зборови на колегата.

Би можело да ве интересира

Украинската тенисерка исвиркана: Треба да се срамат

ВИДЕО: Авион со 167 патници се запали во воздух

Катерина Павлова-Николовска

Почина Германецот кој со нож ја нападна Моника Селеш

(ВИДЕО) Дубаи: 16 лица загинаа во пожар во станбена зграда

Горан Наумовски

Шокантен пораз на Ѓоковиќ во осминафиналето во Монте Карло

Ана Ололовска

ВИДЕО: Тенисерката падна на земја и врисна од болки – ја изнесоа од теренот со количка