Медведев се одмазди и го победи Синер на Вимблдон

Од:

Рускиот тенисер Даниил Медведев го совлада Јаник Синер во четвртфиналето на Вимблдон со 3:2 во сетови (7:6, 4:6, 6:7, 6:2, 3:6).

Рускиот тенисер беше подобар од Италијанецот кој важеше за фаворит во Лондон. Така не мислеше Медведев, кој се мачеше, но ја искористи не толку добрата игра на Синер, кој имаше здравствени проблеми и никако не можеше да даде 100 осто.

Првиот сет беше можеби најинтересен, бидејќи отиде во тај-брејк. Таму Медведев имаше сет топка, но Италијанецот успеа да го добие првиот сет во мечот со атомски тенис.

Потоа Русинот заигра многу подобро, а речиси на ист начин добиваше брејкови во следните два сета, со оглед дека тоа го направи во третиот гем од сетот за целосен пресврт.

Некаде во тоа време и Италијанецот имаше видливи проблеми со здравјето, поради што побара медицински тајмаут.

Сепак, кога се врати на теренот, заигра многу подобро, на што поткрепува и резултатот во четвртиот сет, во кој Италијанецот го доби сетот со два врзани брејка.

Сепак, Русинот не се предаде, бидејќи во третиот гем од сетот повторно го разби противникот, и го држеше до крајот, па сега ќе игра во полуфиналето на третиот Грен слем во сезоната.

Би можело да ве интересира

Рускиот тенисер Данил Медведев ја брани титулата на турнирот во Дубаи

Рускиот тенисер Данил Медведев се повлече од турнирот во Доха

(ВИДЕО) Медведев на „столбот на срамот“ поради средниот прст: Ги проверував ноктите

Уште еден шок во Париз: Испадна и Медведев

Предраг Петровиќ

Шок за Медведев во Шангај

Предраг Петровиќ

Која е сопругата на рускиот тенисер која беше нерасположена во текот на целиот меч со Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ