А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Хрватска кај пиперки увезени од Северна Македонија откриен токсичен пестицид

by А1он21/09/2023 - 12:3821/09/2023 - 14:061619
Share0

Забранет пестицид е откриен кај пиперки од Северна Македонија кои биле увезени во Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Во пиперките од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот форметанат. Ризикот е сериозен, се наведува во известувањето од Европскиот систем за брзо предупредување за храна.

Форметанат, како што се посочува, е исклучително ефикасен инсектицид кој се користи во производството на овошје и зеленчук. Многу земји сè уште го користат, но во ЕУ е забранет поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.

Овој инсектицид е високо акутно токсичен доколку влезе во организмот по орален пат, умерено токсичен ако се вдишува, а има ниска акутна токсичност ако се нанесува на кожата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Клиничките знаци по акутна и хронична изложеност на форметанат кај стаорци се намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација (зголемување на лачењето на плунковните жлезди), отежнато дишење, тремор, повраќање, кашлање.

pesticidpesticidipiperki

Би можело да ве интересира

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди

Горан Наумовски03/11/2026 - 09:06

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

A1on15/08/2026 - 12:54

Трипуновски: Пиперките не се вратени од Хрватска, а дали се македонски оставам да проверат службите

Горан Наумовски16/10/2025 - 21:23

Инспекциски контроли кај извозникот, откупувачите и производителите на црвените пиперки со пестицид за кои сигнализираше Хрватска

Катерина Ѓуровски07/10/2025 - 14:4807/10/2025 - 14:53

Домашна пита со праз затру цело семејство – 47 годишна жена почина, две лица се борат за живот

Анита Петровска Рајковиќ19/10/2023 - 16:24

Скопјани се жалат на остар мирис од хемикалии во воздухот вечерва

Кристијан Ландов07/10/2018 - 21:3507/10/2018 - 21:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео