Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ситуацијата со производителите на пиперка е санирана и дека откупот веќе неколку дена се одвива според очекувањата.

Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на нова спортска сала во Општина Кисела Вода дали е надминат проблемот со производителите на пиперка, Мицкоски рече дека според информациите што ги добил од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле водени разговори меѓу засегнатите страни.

„Да, од она коешто сум информиран од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е дека се водеа разговори. Но она што е многу чудно, сакам да напоменам, кое мене ми беше чудно од тие брифинзи коишто ги добив од министерот, е фактот дека и ние ги поддржуваме земјоделците за повисоки цени. И кога им рековме „Ајде да одиме да протестираме заедно кај откупувачите, знаеме кои се 3-4 откупувачи најголеми, ајде да одиме, еве на една локација ќе биде министерот, на друга градоначалникот еден, градоначалникот два“, а рекоа не. Рекоа „не, зошто да протестираме, па тоа нас не ни одговара“. Па чекајте, велиме ние, ако вас тоа не ви одговара, тогаш Владата не откупува“, нагласи премиерот.

Тој посочи дека Владата ги поддржува барањата на земјоделците за повисоки откупни цени и оцени дека нивниот труд е потценет од страна на откупувачите. Како што посочи, на земјоделците им било предложено заеднички да протестираат пред најголемите откупувачи, но тие не ја прифатиле таа иницијатива.

„Еве ние ве поддржуваме. Ние сакаме да имате повисока цена за вашиот род и заслужувате повисока цена, и треба да имате. Вашиот род од страна на откупувачите е потценет, ајде заедно во откупните центри да протестираме сите. Е тогаш наеднаш се постигна договор, наеднаш сите се договорија и наедеднаш се затвори целата оваа приказна. Но, добро е што сега сите се задоволни и што откупот веќе неколку дена тече онака како што очекувавме“, истакна премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Му пишувал дека е свиња и дека ќе го коле на плоштад, Мицкоски за заканите од 39-годишниот маж

Катерина Ѓуровски

Обвинителството бара привор за кумановецот кој му се закануваше на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата

А1он

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

Мицкоски: Мора да успееме – народот научил како да преживува, а сега мора да научи како да победува во мир

А1он