Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди

Од:

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забрани влез на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажаa ниво на остатоци од пестициди повисоки од максимално дозволените граници.

Пратката, со вкупна тежина од 19.350 килограми, ќе биде вратена во Македонија.

Како што соопшти БАБХ, лабораториските анализи утврдиле нивоа на остатоци од пестициди над законски пропишаните максимално дозволени граници, поради што пратката не ги исполнува безбедносните стандарди.

Пратката била откриена во рамки на засилените контроли што бугарската агенција ги спроведува за увезеното свежо овошје и зеленчук во Бугарија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јотова му се заблагодари на Радев за победата: Без вас немаше да успееме

Катерина Ѓуровски

Бугарските граѓани денес го избираат својот седми претседател

ВИДЕО: Потона бродот кој беше нападнат со три дрона во Црното Море

Катерина Ѓуровски

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Јотова со мала разлика пред Ѓуров во вториот круг на претседателските избори во Бугарија

Бугарија избира претседател

Катерина Ѓуровски