Инспекциски контроли кај извозникот, откупувачите и производителите на црвените пиперки со пестицид за кои сигнализираше Хрватска

Од:

– Се вршат контроли и надзори кај извозникот, откупувачите и индивидуалните земјоделски производители по нотификациите од RASFF системот и официјалното известување од Хрватска за утврдено присуство на пестицидот метомил во свежа црвена пиперка увезена од Македонија, информира Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ).

Станува збор за пратка од околу 15 000 килограм пипер. Извозникот не е производител, пиперот го купил од други правни субјекти кои вршат откуп од индивидуалните производители.

– Извозникот има извршено повеќе лабораториски анализи за присуство на пестициди во црвена пиперка од почетокот на берба на годинашната реколта при извоз и продажба, и тоа во акредитирани лаборатории во земјата и во други држави и до овој момент нема добиено резултати за зголемено количество на резидуи од фитофармацевтски производи или присуство на недозволени фитофармацевтски производи, наведува ДЗИ.

Според официјалното известување добиено од Хрватска, во земениот примерок е утврдено присуство на активна материја метомил во количина од 0,049 mg/kg – ppm. Пратката со свежа црвена пиперка e извезена на 09.09.2025 година, а по извршената контрола на граничниот премин при влез во Хрватска не е запрена и дозволен и е влез во Хрватска. Примерокот за анализа е земен на 23.09.2025 година од малопродажната мрежа, а информацијата од RASFF системот е добиена на 03.10.2025.

-Пиперките не се вратени во Македонија, но немаме информација за постапувањето на хрватските инспекциски служби – дали пиперките се повлечени од продажба или се уништени, потенцираат од Инспекторатот.

Оттаму напоменуваат и дека согласно овластувањата од Законот за Фитофармација, државните фитосанитарни инспектори вршат редовни и вонредни надзори во делот на увозот, дистрибуцијата и употребата на фитофармацевтските средства, односно надзорот се врши при увоз, на граничните премини, во складиштата и во земјоделските аптеки, како и кај крајните корисници – индивидуалните земјоделски производители.

-Фитофармацевтски производи кои содржат активна материја метомил се забранети за увоз, продажба и употреба, а доколку се затекнат вакви производи кај спомнатите субјекти, се преземаат соодветни санкции. Исто така се вршат контроли и кај индивидуалните производители за видот на фитофармацевтските производи кои ги користат, како и за начинот на апликација, за што секој производител согласно законските прописи е должен да води соодветна евиденција, објаснуваат од ДЗИ.

Контролите кои се во тек се вршат заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство. По завршувањето на инспекцискиот надзор, ќе ДЗИ, како што подвлекува, ќе има повеќе информации.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Торцида пееше: „Ана Франк не е светица. Таа е еврејска ку*ва

(ВИДЕО) Скандал во Хрватска: „Аушвиц, Аушвиц“, „Стани, Адолф“ и „Газете ги Евреите“

Драма над Хрватска: Авион полн со патници испрати сигнал за киднапирање,веднаш беа кренати ловци „Рафал“

Истрага: Хрватска европратеничка ги доведе пријателите во Стразбур и потроши над 1.000 евра за вечера во елитни ресторани

А1он

Ветераните бараат да му го откажат настапот на Бајага во Пула: Градоначалникот остро им одговори

Во Загреб пронајдени распаднати човечки останки, припаѓаат на поранешен хрватски ММА борец