Рок иконата Дејвид Боуви се врати во центарот на медиумското внимание кога се најде во потесниот избор за наградата Меркјури, една од британските најпрестижните музички награди.
Имињата за добитниците на наградата за најдобар британски или ирски албум во кој и да е жанр, објавен од почетокот на годината до јули, ќе бидат соопштени на церемонијата во Лондон, 30 октомври.
На списокот се најдоа и поранешните победници Arctic Monkeys, фолк пејачите Jake Bugg и Laura Marling, како и арт-рокерите Foals.
Победниците кои ќе бидат избрани од независно жири ќе се придружат на ексклузивниот клуб на некогашните добитници како Portishead, Pulp и Franz Ferdinand.
Боуви завладеа со топ-листите во март оваа година со неговиот нов албум „The Next Day“, со кој го изненади музичкиот свет после музичката пауза долга цела деценија.
Братанските обложувачи за најголеми фаворити ги сметаат Боуви и Арктик Манкис.
Организаторите на доделувањето на Меркјури наградите тврдат дека се работи за најголемата европска награда за уметност, во смисла на влијанието и медиумската покриеност. Победата и самото влегување во потесниот избор обично значајно го зголемува продавањето на албумот. Наградата е позната по големиот распон на стилови, но обично оди кон инди и рок звуците.
– Списокот на номинирани е кулминација на фасцинантната година за британската и ирската музика. Ги немаме Адел и нејзините имитатори, па се работи за некој вид отворено поле, рече Сајмон Фирт, претседател на жирито.
Список на номинирани за Меркјури наградата:
Arctic Monkeys – „AM“
David Bowie – „The Next Day“
Foals – „Holy Fire“
Jake Bugg – „Jage Bugg“
James Blake – „Overgrown“
Jon Hopkins – „Immunity“
Laura Marling – „Once i Was An Eagle“
Laura Mvula – „Sing to the Moon“
Rudimental – „Home“
Savages – „Silence Yourself“
Vilagers – „Awayland“