„Кој ќе го одржува сега во живот татко ми?“: Реакции по разрешувањето на кардиохирургот Јовев

Од:

Смената на кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на државната кардиохирургија, предизвика реакции во јавноста, посебно на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.

Министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија, д-р Сашко Јовев, а информацијата министерот ја потврди на промоцијата на новата онлајн услуга за електронска регистрација со образложение дека ќе ги менува сите директори кои седат и спијат по 5-10 години и немаат никаков резултат, заборавајќи дека д-р Сашко Јовев го предводеше тимот што ја изврши првата трансплантација на срце во Македонија во 2020 година.

Големо внимание предизвика статусот на Елеонора Димовска, ќерка на последниот пациент кој доби ново срце, а операцијата ја предводеше професорот Јовев.

„Ако се прашувате зошто и од каде ми е правото јас да зборувам на темава еве и тоа ќе Во го кажам, пред 9 месеци беше направена последната трансплантација на срце, а личноста која го прими срцето беше мојот татко. Па оттука можам да зборувам за она што го направил професорот.

Од една страна за жал, а од друга за голема среќа долг период секое утро, повторувам СЕКОЕ УТРО по неколку часа поминувавме во просториите на државната кардиохирургија, и сведочевме на ангажираноста на професорот, сведочев дека ниту еднаш не пропушти визита, немаше момент некој од пациентите да го побара а он да не е присутен, но по зборовите на НАДЛЕЖНИТЕ можеби и операцијата на татко ми од дома ја правел, не работел ништо 10 години.

И не, не го кажувам ова за да го бранам Професорот, го кажувам ова затоа што не можам да си поверувам каде живеам, во држава каде што се разрешуваат луѓето кои спасуваат животи.

И знаете ли што ми е најголем проблем, тоа што познавајќи го професорот и целиот тим кој што е покрај него после ова ќе ја продолжат нивната кариера негде каде што ќе ги ценат, негде каде што ќе ги почитуваат, негде многу далеку од нашава Македонија, и тука нема да остане стручно лице кое ќе знае да го одржува во живот срцето на татко ми, срцата на сите трансплантираните, срцата на оние кои чекаат трансплантација, ако воопшто ја има во иднина.

Затоа што нивната работа не завршува кога ќе излезеш од болница, на располагање за 24 часа 365 дена во годината, секојдневно ја контролираат терапијата и ја дозираат. И сега навистина сум загрижена кој ќе ја преземе нивната работа, кој ќе го одржува во живот татко ми? или твојот татко, мајка, сестра, брат, сопруг, сопруга…?“, стои во емотивниот статус на Елеонора Димовска.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

АХВ: Наредено е затворање на кујната во ,,Ѓорѓија Пулевски”, до добивање на резултатите од лабораториските тестирања

Трет случај на заболен од западнонилска треска во земјава

Апел за помош за продолжени терапии со матични клетки за Стефан Ивановиќ од Скопје

Предраг Петровиќ

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Зголемена смртност на Кардиохирургија нема, разрешен сум противзаконски – Шокаровски вели дека има хајка против Клиниката

Анита Петровска Рајковиќ