Лозанче тврди дека се констатирани неправилно оперирани пациенти, Алиу ќе бара уште една потврда

Од:

Ние заклучивме дека за поголемиот број пријавени случаи има неправилно упатени и неправилно оперирани пациенти и Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции ќе продолжи да псотапува според утврдената медеодлогија, изјави членот на Комисијата д-р Ненси Лозанче на денешната прес-конференција, одоговорајќи на прашање што точно констатирале, кои се следните чекори и дали некои случаи ќе бидат доставени до Јавното обвинителство.

– Како што беше изјавено и од министерот и од претседавачот на комисијата, од досегашните пријавени случаи, ние заклучивме дека за поголемиот број од нив имаме неправилно упатени и неправилно оперирани пациенти. Сега засега тие се заклучоците на поголемиот дел од пријавените случаи, а понатаму комисијата ќе си продолжи со утврдената методологија и за подетални информации ќе имате веројатно и конечен извештај, одговори Лозанче.

Министерот Алиу, пак, рече дека ова не е конечен туку прелиминарен извештај и оти доплнително ќе бара мислење и од странските експерти.

Како што комисијата и докторите веќе изјавија, ова е прелиминарен, значи не е конечен извештај. Втората фаза е заедничка работна средба со тројца експерти надвор од нашата држава, којашто притоа, по завршувањето на анализите од страна на нашата стручна комисија и надворешната стручна комисија, исто така, ќе имаме прес-конференција со конечен извештај и ќе видиме дали ќе се утврдат истите 10 случаи и од таа страна на таа комисија, на крај како што рековме, тој извештај кај нас ќе биде патоказ за дефинирање на политики во овој дел од здравствениот систем во државата, одговори Алиу.

Би можело да ве интересира

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системи

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Алиу: Законот за тутун ги штити децата и непушачите

Горан Наумовски

Алиу: За првпат лекови за одвикнување од пушење на есенцијалната листа

Тврдењето за непотребни операции на срцe ја губи основата: Eкспертите посочиле сомнителна дијагностичка евалуација