Левица: Алиу и Клековски ги поскапеа „Фостер” и „Мифортик”, а заборавија да ги набават замените на сметка на Фондот

Од:

Пациентите заболени од астма, хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и пациентите со трансплантирани бубрези веќе две недели се оставени сами да се снаоѓаат и да купуваат прескапи лекови без кои не можат да живеат, соопштија денеска од Левица.

Од партијата велат „Фондот за здравствено осигурување уверуваше дека лековите Фостер и Мифортик ќе бидат заменети со нови генерички препарати кои ќе бидат достапни во аптеките. Денес, тие генерички лекови не можат да се најдат во аптеките низ Македонија. Наместо прво да обезбедат континуирано снабдување со новите лекови, Министерството и ФЗО ги намалија средствата за постојните препарати и практично ги принудија пациентите да ја плаќаат цената на нивната неспособност“.

„Пациентите со астма и ХОББ во моментов плаќаат и до 300 проценти повисока цена за неопходната терапија, додека пациентите со трансплантиран бубрег за лекот Мифортик се принудени да издвојуваат 3.450 денари повеќе од досегашната цена.

Доколку Министерот за здравство Алиу и директорот на ФЗО и министер во најава, Клековски, работеа одговорно, пред да воведат нови генерички лекови на хартија и ги скратат фондовските средства за старите, ќе ги донесеа овие лекови во државата. Со тоа што во аптеките ги има само старите лекови по нови цени, Алиу и Клековски создадоа животозагрозувачки проблеми за граѓаните.

Левица бара Алиу и Клековски да обезбедат набавка и дистрибуција на најавените генерички лекови во сите аптеки, а до тогаш да го вратат претходниот режим на финансирање за постојните терапии. Истовремено, бараме да одговорат зошто и врз основа на каква проценка одлучиле да ги намалат средствата за животно важни лекови пред воопшто да обезбедат нивна соодветна замена“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Катерина Ѓуровски

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Од 12 пациенти со западнонилска треска на Инфективна, тројца се на интензивна со кислородна поддршка

Завршени се надзорите за родилката која остана неподвижна и медицинската сестра која го загуби плодот

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права