Странската комисија утврди сомнителни наоди кај девет случаи во скандалот со непотребните кариорируршки интервенции

Од:

Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше дека странската Комисија која ги проверувала сомнителните случаи на непотребно извршени операции или упатувања за операции, утврдила сомнителни наоди кај девет од вкупно 13 анализирани предмети.

На денешната прес-конференција, Алиу соопшти дека кај четири пациенти Комисијата оценила дека третманот бил медицински соодветен, навремен и спроведен согласно стандардите на клиничката пракса.

-Од анализираните 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени операции или непотребно упатени за операција, странската Комисија кај четири пациенти констатираше дека обезбедениот третман во целина бил медицински соодветен, навремен и во согласност со стандарди на клиничка пракса, додека кај девет случаи документација укажува на сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, соопшти на прес-конференцијата министерот Алиу во врска со резулатите на странската Комисија за проверка на сомнителните случаи, а на што прв укажа академик Сашко Кедев.

Како пример, рече Алиу, биле посочени несогласувања меѓу ангиографските наоди од коронографијата и писмените извештаи, по што следувале несоодветни индикации за ендоваскуларни или хируршки процедури.

Министерот Алиу најави дека предметите ќе бидат доставени до Владата, како и до Јавното обвинителство и останатите надлежни институции.

Станува збор за случаи од неколку приватни и државни клиники и болници во земјата.

Би можело да ве интересира

Азир Алиу му ја предаде функцијата на новиот министер за здравство Сашо Клековски

Левица: Алиу и Клековски ги поскапеа „Фостер” и „Мифортик”, а заборавија да ги набават замените на сметка на Фондот

А1он

Граѓаните ќе можат да ја повлечат или променат одлуката за органодарителство

Алиу и Љутков без одговор дали остануваат министри: Преговорите за реконструкција на Владата се во тек

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски

Алиу: Коцкањето претставува сериозен здравствен ризик