Пиењето вода загадена со фекалии освен акутните симптоми, остава сериозни долгорочни последици врз цревниот микробиом, предизвикувајќи трајна дисбиоза (нарушување на рамнотежата на бактериите). Патогените бактерии како Eшерихија коли, Салмонела и Џардија (E. coli, Salmonella и Giardia) ја уништуваат корисната микрофлора, што може целосно да го смени нејзиниот состав, објави на својот Фејсбук профил онкологот Милан Ристевски.
„Штетните долгорочни последици, како што посочува, вклучуваат хронично воспаление и синдром на пропустливи црева, долготрајни дигестивни проблеми како синдром на иритабилно дебело црево (IBS) и хронична дијареа, колонизација со супербактерии отпорни на антибиотици преку внесување на резистентни гени од отпадните води, нарушен имунитет и зголемен ризик од автоимуни и метаболички заболувања и влијание врз менталното здравје преку оската црева-мозок поради намалено производство на невротрансмитери. Дали е некој свесен за овие потенцијални долгорочни здравствени проблеми на гостиварчани? Колкав е финансискиот импакт?, прашува доктор Ристевски.
