Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

Од:

Полицијата ја уапси сопругата на доктор Зекирија Шаини, кој вчера беше застрелан во центарот на Куманово, наводно поради вмешаност во нападот кон него.

„Вчера полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А.(43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш.(43) од село Слупчане, липковско.

Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес.

По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф.(36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство, по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така ќе биде поднесена кривична пријава“ велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Д-р Ристевски: Пиењето вода со фекалии доведува до последици врз цревниот микробиом, нарушен имунитет и ризик од автоимуни заболувања

А1он

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе