Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Од:

Уште еден случај на затруено дете во Куманово евидентира кумановската полиција. Вчера во СВР Куманово, од Општата болница Куманово е пријавено дека кај нив е донесено двегодишно дете од Куманово кое е затруено со средство за разредување на боја.

По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Лани имаше неколку случаи на затруени деца од кумановскиот регион. Дел од децата беа затруени откако испиле средства за чистење, за дезинфекција, а дел од дечињата испиле таблети.

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во автомобил на паркингот пред болницата во Куманово

Горан Наумовски

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане